Едно лице е повредено во пукање во џамија во близина на Осло, а осомничениот е уапсен, соопшти денеска тамошната полиција.
„Едно лице е повредено, но не знаеме детали за карактерот на повредата. Осомничениот е уапсен и полицијата е на местото на настанот“, извести полицијата на „Твитер“.
Пукањето се случило во исламскиот центар ал-Нур во Баерум, предградие на Осло.
Полицијата соопшти дека нема информации за можни други напаѓачи.
„Бел човек во униформа пукаше од огнено оружје и рани еден наш вработен“, изјавил служителот во џамијата, Ирфан Муштаг, за локален дневен весник.