Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека според податоците Светска трговска организација (СТО), нето-приливите на странските директни инвестиции во земјава минатата година биле за речиси пет пати поголеми отколку во 2012-та.
– Нето-приливите на странските директни инвестиции се зголемиле од околу 131 милиони евра во 2012 година на 621,9 милиони евра во 2018 година, според последниот извештај на Светската трговска организација – напиша премиерот Заев на Фејсбук.