Пејачката Лејди Гага се соочува со нови проблеми. Имено, текстописецот Стив Ронсен поднел мултимилионска тужба против музичката ѕвезда бидејќи тврди дека песната за која таа освои Оскар, хитот “Shallow” од филмот “A Star is Born” е плагијат.
Наводно како што се тврди, песната содржи делови од неговата нумера “Almost” од 2012 година. По тој повод, Ронсен одлучил да побара правда пред судот. Како што се наведува, спорен е редоследот на акордите во песната “Shallow”, а адвокатите на Лејди Гага истакнуваат дека тоа не е доволно за тужба. Исто така, од правниот тим на пејачката наведуваат дека таа никогаш не ја слушнала песната “Almost”.
“Господин Ронсен и неговиот адвокат се обидуваат да заработат “лесни пари” од успешен уметник (Лејди Гага). Лејди Гага ќе се бори и ќе победи”, вели Орин Снајден, правен застапник на пејачката.
https://youtu.be/9yXIb0yNZfU