Не е првпат Валенсија да се споменува во подолгата листа на клубови кои изминатиов период се поврзуваше како можна дестинација на Барди, ама сега според медиумите, од „Местаља“ сакаат да го искористат моментот со испаѓањето на Леванте за „ситни пари“ да донесат квалитетни фудбалери и со тоа да го засилат тимот.
На списокот на желби на „љиљаците“ се Барди, Гонзало Мелеро и Хосе Кампања и наводно од „Местаља“ се надеваат дека може сите да ги добијат за вкупни 10 милиони евра, со што на Леванте би им ја покриле дупката настаната со негатвниот финансиски биланс од лани. Леванте до 30 јуни има рок да покрие 10 милиони евра со приходи од трансфери за да избегне посериозни проблеми со финансиската ликвидност и со финансискиот фер-плеј.
За Барди во изминативе шест месеци од шпанските клубови сериозен интерес имаше и од Бетис, Реал Сосиедад, а се поврзуваше и со германска Борусија Дортмунд, италијанските Торино, Лацио, Фиорентина, Милан, како и со француски Лион.