Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати акциски контроли на учесниците во сообраќајот.
Според СВР Скопје, изминатото деноноќие била спроведена контрола на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола утврдено е дека 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани. Откриени се и 48 останати прекршоци кои исто така се соодветно санкционирани.
Исто така беше спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори ,при што беа откриени 26 прекршоци ,кои беа соодветно санкционирани. Исто така беа откриени уште и 27 останати прекршоци.
Беше спроведена контрола за откривање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол при што од страна на полициските службеници беа констатирани четири прекршоци. Откриени се и 40 останати прекршоци.