Пожар кој избувнал во кругот на поранешната фабрика „Енергоинвест – РАОП“ во источниот дел на Сараево, а кој и натаму гори предизвика паника меѓу граѓаните, пренесува „Б92“.
Припадници на територијалната противпожарна единица се обидуваат да го изгаснат огнот.
https://www.facebook.com/vivostudio.ba/videos/2888937167816855/?t=0
Шефот на единицата, Његош Вукадин, изјавил дека бројни екипи се на терен, но дека засега е тешко пожарот да се стави под контрола.
На помош пристигнале и пожарникари од Федерацијата на БиХ, како и членови на противпожарната единица на „Еуфор“.
Градоначалникот на општината Ново Источно Сараево, Љубиша Чосиќ, соопшти дека гори еден објект и го предупреди населението што живее во близина на фабриката да не минува многу време надвор поради чадот и неговите можни негативни последици.