ВМРО-ДПМНЕ: Уште еднаш се виде дека Заев го злоупотребува државниот апарат за да земе милиони евра преку рекетирање

Криминалната банда на чело со Зоран Заев со своето криминално и расипничко делување ги загрози македонските евроинтеграции. Целата македонска, но и европска јавност гледа и слуша како Боки 13 уценувал бизнисмени во име на Зоран Заев, а во соработка со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски.

Од снимките јасно се гледа и улогата на Катица Јанева, но и како Боки Тредичи кажува дека зборено е со Заев и тој нема да прави проблеми.

Уште еднаш на дело се виде дека Зоран Заев го злоупотребува државниот апарат за да земе милиони евра преку рекетирање на  бизнисмени и политички неистомисленици.

Дека институциите се заробени од октоподот на Заев говори и фактот дека обвинителството наместо да гонат и да го истражат случајот тие се решија среде истрага да се одморат и на тој начин да дозволат да се форматираат телефони, да се бришат форензички компјутери, да се влијае врз докази и сведоци и потенцијални осомничени кои што можат да уживаат на плажи.

Воедно се уште не е утврдено каде се движеле осомничените откако ја зеле торбата Луј Витон и каде завршила таа заедно со парите во неа.

Тоа јасно ни говори дека Русковска обвинителството прави се за од оваа истрага да ги заштити Катица Јанева и Зоран Заев, но и останатите функционери од власта, иако целата јавност виде дека осомничените Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец се само пипците на криминалниот октопод кој го инсталираше Заев.

Аболицираниот  Заев заедно картелот околу него и партизираните судство и обвинителство  ја уништија правната држава, ги загрозија интеграциите и угледот на Македонија во Европа. Заев е жив фатен во криминал и затоа одговорност за сите вклучени во овој огромен скандал мора да има и ќе има.

 

 

Треба да знаете
Последни објави