Академското културно-уметничко друштво Мирче Ацев оваа година е организатор на 40. јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.
Оваа година фестивалот ќе се одржи во периодот од 22 август до 26 август на две локации – ,,Плоштад Македонија” – Скопје и ,,Плоштад – Млечен ресторан” со почеток во 20:00 часот. Учество ќе земат повеќе земји меѓу кои Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.
Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година па оттука овој фестивал се нарекува и ,,Фестивал на солидарноста”.