Во Ерусалим судири меѓу израелската полиција и муслимански верници за време на Курбан Бајрам

Судири меѓу муслимански верници и израелските полициски сили избија на Ридот на храмовите во Ерусалим, во време на зголемени тензии поради совпаѓањето на еврејски и муслимански верски празници.

Полицијата тврди дека муслиманските верници ги започнале нередите и упатувале националистички повици на Ридот на храмовите, свето место и за Евреите и за муслиманите.

Полицајците ги растерувале со солзавец, гумени куршуми и други средства за контрола на нереди.

Насилството се проширило и на околното подрачје и неколку мажи опколиле и нападнале возило, управувано од Евреин, пред да ги растера полицаец кој пукал во воздух.

Полицијата распореди дополнителни сили во цел Ерусалим во очекување на нереди во текот на цел ден.

Политичкото раководство донесе одлука Ридот на храмовите да се затвори за немуслиманите, бидејќи денеска почнува муслиманскиот празник Курбан Бајрам, со кој се слави крајот на аџилакот во Мека и еврејскиот ден на постење Тиша Б`Ав, кога Евреите жалат поради разорувањето на древните храмови кои некогаш стоеле на Ридот на храмовите и сите катастрофи во историјата на Евреите.

Треба да знаете
Последни објави