По поразот на Јувентус од Атлетико Мадрди со 2-1 на вчерашниот пријателски меч, тренерот на „Старата дама“, Маурицио Сари ја коментираше играта на својата екипа.
„Задоволен сум од настапот, посебно во првото полувреме, и тоа против екипа која беше во подобра физичка форма од нас. Никогаш не смееме да примаме голови како тој вториот, но тое е дел од претсезонската работа. Сепак, мора да се „ослободиме“ од шест играчи за да ја задоволиме листата за Лигата на шампиони. Тоа никаде не сум го прочитал, а тој избор може да изгледа ненормално. Тоа ме става во многу тешка позиција на 20 дена пред крајот на преодниот рок. Тоа е срамота, ризикуваме некои играчи да не можат да настапат на високо ниво“ – вели Сари.
Запрашан за неговото мислење за Дибала, тој вели дека неговото мислење за Аргентинецот не треба да се зема во предвид.
„Дибала со мене имаше само два тренинга, па сите оценки ќе се избрзани. Јасно е дека не може да биде на врвот на своите можности, а тоа влијае и на она што тој може да го стори како „лажна деветка“. Со Дибала може за се да разговарам, но пазарот тече и моето мислење е рамно на нула. Мора да ја смалиме листата за 6 играчи и тоа е се. Сакам сите да ги задржам, но нашиот проблем е што немаме играчи кои израснаа во овој клуб, постои само еден, па цела екипа во Лигата на шампиони ќе биде со 22 играчи од кои тројца голмани“ – рече тренерот на Јувентус.