Србија остана без Теодосиќ за Мундобаскетот

Српската кошаркарска репрезентација во драматичен натпревар ја совлада Литванија со 72:68 во подготовките за Светското првенство во Кина, но сепак резултатот и поволниот епилог од овој меч се најде во втор план поради лошите вести кои пристигнуваат од лекарскиот тим.

Поради повреда, Милош Теодосиќ не беше во можност да го доигра мечот и од паркетот веднаш беше испратен во болница, а како што јавуваат угледните српски медиуми, оттаму пристигнуваат најлоши можни вести. Теодосиќ ја обновил повредата на тетивата поради која веќе во два наврати имаше пауза во Клиперс, а поради повторувањето на истата, сега ќе мора да го пресконе у Мундобаскетот, сценарио кое е убедливо најлошо за првиот плејмејкер на „орлите“.

Теодосиќ го стави Светското првенство во прв план и навести дека ќе бара нов клуб по завршувањето на турнирот, но сега ќе биде приморан да прави други планови, откако новата повреда ќе го остави без сонот да биде дел од силниот српски тим кој ќе атакува на златниот медал.

Треба да знаете
Последни објави