Триесетгодишен Французин загинал откако бил удрен од мотор додека се возел со својот електричен тротинет на автопат во близина на Париз.
Ова е трет смртен случај на возач на е-тротинет во парискиот регион за четири месеци и предизвика дополнителна загриженост за безбедноста на овој се попопуларен начин на транспорт. Возењето тротинет на патиштата е забрането во Франција.
Според првичните информции, судирот се случил околу полноќ, а несреќниот Французин се возел со скутерот по брзата лента и не носел кацига. Во судирот настрадал имоторџијата, кој има тешки повреди.