Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, е избран во тимот на сезоната во првенството на Хрватска. Тој со Динамо Загреб ја освои шампионската титула, а имаше одлична сезона во која стана и најдобар асистент во лигата.
Поради ова тој доби заслужено место меѓу најдобрите 11 во хрватскиот шампионат со оценка, 7.22.
Аријан Адеми во одреден период од шампионатот беше повреден, па иако одигра одлично во завршницата во дресот на Динамо Загреб, сепак, го нема во дрим – тимот на хрватскиот шампионат.