Црвена Звезда денеска се радува на 33. шампионска титула во клупската историја, која исто така е петта по ред во домашното првенство, откако „црвено-белите“ победија со 3-1 против Вождовац и завршија со два бода предност пред вечниот ривал Партизан, кој беше подобар од Раднички (2-0).
„Црвено-белите“ до водство стигнаа во 40. минута, откако Катаи ја затресе мрежата на ривалот за водство од 1-0, а предноста ја зголеми Иваниќ кој погоди за 2-0.
Неизвесноста во мечот ја врати Милојевиќ, кој искористи една одлична шанса и го матираше голманот Борјан за 1-2, по што до завршницата немаше поголеми возбудувања.
Пред самиот крај домаќините добија пенал поради игра со рака на еден од гостинските играчи, а на барање на навивачите, ударот од белата точка го изведе Борјан, кој погоди за 3-1.