Меси го убедува Нејмар да се врати во Барса за да победуваат заедно

Аргентинецот Лионел Меси му се јавил лично на поранешниот соиграч од редовите на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Бразилецот Нејмар и му порчал да се врати на „Камп Ноу“ за да победуваат одново заедно. Еден од најдобрите играчи во светот, Меси со својот авторитет му помогнал на раководството на  Барса во завршните разговори со Нејмар и неговиот клуб ПСЖ да ја добие трката со лутиот ривал Реал Мадрид.

Нејмар се поизвесно е дека ќе замине од ПСЖ. Шпанија ќе биде неговата старо-нова дестинација, но останува отворено прашањето дали во Барселона или Реал Мадрид. Нејмар е наклонет кон Барселона, но неговиот клуб ПСЖ има подобри односи со „кралскиот клуб“.
ПСЖ поради добрите односи меѓу Насер Ал – Келаифи и Флорентино Перез, му го дава Нејмар на реал Мадрид на едногодишна позајмица, а потоа и можност да го откупат договорот за 200 милиони евра. За Барселона не важат овие услови. Адвокатот кој ја плати рекордната сума од 222 милиони евра за трансферот во 2017 година кога Нејмар замина во Париз, од вчера е на „Камп Ноу“ на завршни преговори. Барселона има понуда да го пушти Фелипе Кутињо и да плати 80 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави