Борците за заштита на животната средина денеска фрлаа црвена боја на бразилската амбасада во Лондон, во знак на протест поради штетата што им се нанесува на дождовните шуми од Амазон и на домородните народи што живеат таму.
Според „Ројтерс“, двајца активисти од групата „Бунт против изумирање“ се залепиле за прозорците на амбасадата, додека други двајца се качиле на стаклената натстрешница над влезот.