На брод починал маж, а четири лица со хеликоптер се префрлени во сплитската болница

Претпладнево капетан на брод кој пловел во Јадранското море во близина на Хвар пријавил вонредно влегување во пристаниште, бидејќи бил пронајден мртов маж, а на лоша здравствена состојба се пожалиле  уште четворица патници кај кои биле регистирани дијареа, повраќање и губење на свест, поради што итно со хеликоптер се прфрлени во сплитската болница. Како што пренесуваат хрватските медиуми две деца се наоѓаа во тешка здравствена состојба и биле веднаш евакуирани со хеликоптер, кој пак веднаш се вратил и по две возрасни лица кои се наоѓале во тешка здравствена состојба

Лицата се згрижени во сплитската болница на детското оделение и во клиникта за заразни болести.

Испитувањата од што боледуваат лицата кои се пожалиле на здравствени проблеми за време на патувањето со бродот се во тек. Неофицијално според некои медиуми станува збор за туење со храна. Медиумите пренесуваат дека лицата кои се пожалиле на тегоби се италјански државјани.

 

 

Треба да знаете
Последни објави