Гајсер: Едно од решенијата е преодна влада без Заев чија кариера е готова

Политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев  по снимките од „Рекет“ е готова, бидејќи веќе нема меѓународен кредибилитет, изјави новинарот Ларис Гајсер од порталот „Ла Верита“ во интервју за словенечкото радио на италијански јазик „Каподистрија“  направи анализа на случувањата и на реакциите од народната и политичка јавност во Македонија, но и од странските амбасади и ЕУ по објавување на снимките.

-После ова сигурен сум дека Заев е на крајот на неговата кариера и оти е прашање на време кога Собранието и Претседателот ќе сфатат дека ќе биде подобро Заев да биде разрешен за да државата има пофункционален меѓународен претставник, бидејќи во моментов тој претставува проблем и не може да ја застапува Северна Македонија. Опциите се, или владина криза со избори, иако Пендаровски ова не го гледа како можна опција без претходно да има попис на населението, или, ова е моја сугестија, да има преодна Ад интерим Влада, со услов да биде сменет само Заев, рече Гајсер.

Гајсер вели дека се залудни се обидите на власта во Скопје да прикажатдека наводно е во дел од некоја игра на екс премиерот Никола Груевски за да се спречи евроатланската иднина на Македонија.

-Ме обвинуваат дека наводно создавам сценарио за да го спречам евроатланскиот пат на Македонија, тоа е измислица. Јас верувам дека проблемот е токму Заев. Тој сигурно не е решение. Ова значи дека од меѓународна гледна точка проблем е Северна Македонија да има премиер како Заев кој се претвори во товар за неговата земја. Тој треба да интервенира што е можно побрзо за да може да биде чист пред толку важна институција каква што е НАТО. Тој треба да биде сменет што поскоро, да биде чиста за да влезе во таква Алијанса, додава Гајсер.

Во своето интервју Гајсер се огради од шпекулациите во јавноста дека е продолжена рака на Орбан и на Салвини, нагласувајќи дека тој само ги изнесува на виделина фактите до кои дошол после повеќегодишна работа.

Во интервјуто за „Каподистрија“, Гајсер зборува и за обраќањето на претседателот Стево Пендаровски, коешто го оценува како позитивно, иако, како што рече, во почетокот стравувал дека тој би можело да заземе политичка страна.

Според италијанскиот новинар, за неколку дена ќе заврши неговата детална истрага за случајот „Рекет“ и нагласи дека за тоа помош добива и од земјава.

 

Треба да знаете
Последни објави