Трамп побарал од јапонскиот премиер да купи земјоделски производи од САД

Претседателот на САД Доналд Трамп директно го замоли јапонскиот премиер Шинзо Абе да купи огромно количесто земјоделски производи, објави во вторникот новинската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на неидентификувани јапонски и американски владини извори.

Јапонија и САД се согласија да постигнат широк договор за билатерална трговија до септември, обидувајќи се да ги премостат разликите во мислењата околу тарифите на говедско месо и автомобилскиот сектор, објави весникот „Никеи“ на почетокот од овој месец.

Трамп побара Јапонија да купи специфични производи како што се соја и пченица, објави „Кјодо“, додавајќи дека барањето е одвоено од рамките на тековните трговски разговори меѓу Вашингтон и Токио.

Според новинската агенција, јапонската влада ќе размисли за својот одговор, а една опција е земјоделските производи да се купат како поддршка во храна за африканските земји.

Набавката би вредела неколку стотици милиони долари, вклучувајќи ги и трошоците за транспорт.

Треба да знаете
Последни објави