Силната порака на Заев навестува старт на жестока акција против криминалот
По силните пораки на премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски, јавноста, меѓународната заедница, меѓу кои и амбасадата на САД за нов почеток на правната држава, време е за акција против криминалот на секое поле пишува порталот центар.мк.
Меѓународната заедница, но и граѓаните бараат конечна пресметка со криминалот. Еднаш засекогаш да се расчисти со криминалците од минатото и сегашното време. Да се расчисти се’ што беше сомнително за време на режимот, но и што е сомнително денес.
Не смее да се дозволи едно оркестрирано новинарско злосторничко здружување од Македонија, Србија и Италија вкрстено, финансиски инструирано и поддржано од тешки криминалци осомничени за тешки кривични дела да прават хаос низ државава урнисувајќи ја правдата и институциите на системот.
Обидот за да си ги спасат нивните милиони и нивната слобода, ја чинат државава многу, не само пари, туку и иднината на земјата. Како држава, после се’ низ што поминавме во изминативе 20-тина години, особено во оние тешки мрачни 11 години за време на режимот, должни сме на сегашните и идните генерации да им обезбедиме пристоен и убав живот каков што доликува во една модерна европска држава.
Повеќе од текстот на следниот ЛИНК