84-годишна жена од Истра паднала во несвест, а лекарите ѝ закажале преглед по 420 дена. Откако ѝ се слошило таа била упатена на невролог, кој препорачал дополнителни тестови и ја упатил на кардиолог. Таму на ливче хартија ѝ напишале да дојде на преглед на 18 август.
„Бидејќи сопругата се разболе на крајот на мај, наивно мислевме дека прегледот е закажан за оваа година, но се шокиравме кога видовме дека станува збор за август, но идната година”, вели нејзиниот сопруг за медиумите.
На почетокот мислеле дека е некоја грешка, па затоа повторно отишле во болница за да го проверат датумот, пренесува Гласот на истра.
На крајот на мај неговата сопруга паднала и кратко време била без свест. По препорака на матичен лекар, таа завршила во болница и откако била прегледана од невролог, ѝ биле дијагностицирани колапс и синкопа.Синкопата е ненадејно, минливо губење на свеста како резултат на нарушување на крвотокот во мозокот.