Во Катар за првпат ќе судат и жени на фудбалското СП

Светското фудбалско првенство во Катар, кое ќе се одржи за првпат во терминот од 21 ноември до 18 декември годинава во Катар, ќе биде запишано и како прво во историјата на мундијалите на кои правдата ќе ја делат и женски судии. Федерацијата на интернационалните  фудбалски асоцијации (ФИФА) на списокот со судии за Катар вброи вкупно 129 од кои 36 главни, 69 помошни судии и 24 задолжени за ВАР. Меѓу овие делители на фудбалската правда се најдоа и шест жени.

Три жени ќе бидат главни судијки, а тоа се Французинката Стефани Фрапар, Салими Мукансанга од Руанда и Јапонкара Јошими Јамашита, додека уште три дами ќе бидат меѓу помошниците.

Од најпознатите светски судии во Катар ќе бидат Мајкл Оливер и Ентони Тејлор од Англија, Славко Винчиќ од Словенија, Дани Макели од Холандија, Даниеле Орсато од Италија…

 

 

Треба да знаете
Последни објави