Тимската игра на Вориорс беше предобра на овој натпревар, а доказ за тоа е фактот дека целата стартна петорка имаше двоцифрен ефект во нападот, а вкупно седуммина кошаркари имаа 10 или повеќе поени. Стеф Кари беше најдобар со 21 поен и 12 скока, Џордан Пул имаше 19, колку и Ендру Вигинс, а Клеј Томсон 15 поени. Во редовите на Маверикс очекувано Лука Дончиќ беше лидер со 20 поени, но имаше лош процент на реализација поради одличната одбрана против него.