Орландо во регионалниот дел од сезоната забележа само 22 победи, но тоа на клупското раководство му донесе синоќа во Чикаго можност да прослават победа на НБА лотаријата и да го добијат правото први да избираат на годинешниот драфт.
Вториот избор ќе го има Оклахома, Хјустон ќе избира трет, Сакраменто четврти, а петтиот избор ќе го има Детроит.
Драфтот е закажан за 23 јуни во „Баркли Центар” во Бруклин.
Орландо последен пат имаше право на прв избор во 2004 година, кога се одлучи во своите редови да го донесе Двајт Хауард.