Чеченија ќе реставрира замок стар 1.500 години

Властите во Чеченија имаат намера да реставрираат замок стар 1.500 години, соопшти лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.

„Во Шаројскиот Регион видов историско-архитектурен комплекс во кој влегуваат седум кули, џамија и свод. Тоа е единствен објект кој е стар околу 1.500 години. На територијата на комплексот се преземаат мерки што ќе овозможат да се зачува и да се обнови овој споменик на културата“, напиша Кадиров на својата страница на социјалната мрежа „ВКонтакте“.

https://www.instagram.com/p/B04Mj_2Izl7/?utm_source=ig_web_copy_link

Кадиров додаде дека во моментот се врши реставрација на четири кули, а активности се одвиваат и на други делови од историскиот комплекс. На овој начин властите сакаат да го развиваат планинскиот и културниот туризам во Чеченија.

„Пред нас се низа амбициозни планови за развој на туризмот, индустријата и на целокупната социјална сфера на Шаројскиот Регион за да се сочува историско-архитектурното наследство“, нагласи Кадиров.

Треба да знаете
Последни објави