Еден од двата бапаж фудбалски натпревари за пополнување на Првата фудбалска лига во Македонија, меѓу екипите на прволигашот Тиквеш од Кавадарци и второлигашот Воска од Охрид ќе се одигра на 22. мај (17 ч.) на стадионот „Младост“ во Струмица, потврди ФФМ на својата официјална страница. Претходно натпреаврот беше закажан за Прилеп, па пренасочен за Скопје по што имаше рекација на клубовите, за на крајот Струмица да домаќин на мечот. Другиот натпревар Скопје – Беласица ќе се игра истиот ден во Штип.
-На зеднички состанок на Комисијата за безбедност и Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) беше донесена одлуката за одредување на стадионот за одигрување на натпреварот.
ФФМ преку Комисијата за безбедност испрати допис до МВР со барање информации во делот на преземање на безбедносни мерки за се одигра во најдобар ред бараж мечот Тиквеш – Воска и Комисијата за натпреварување ќе постапи согласно добиените информации.
Како Фудбалска федерација на Македонија упатуваме благодарност до Министерството за внатрешни работи за конструктивната соработка како што била и досега.
Веруваме дека со применување на прописите и почитувањето на превентивните мерки од надлежните институции и тела се гарантира вистински фудбалски спектакл.
Фудбалската федерација на Македонија ќе направи сѐ што е во надлежност на федерацијата, двата бараж натпревари да се одиграат во спортска, фер и коректна атмосфера.
Нѐ радува тоа што интересот на публиката за овие натпревари е огромен. Тоа потврдува дека сме на вистинскиот пат.
Фудбалот победува“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.