Легендарниот фудбалер на повеќекратниот италијански првак Јувентус, Џорџо Кјелини (37 г.) се прости од навивачите на „старата дама“, на синоќешниот натпревар од претпоседното 37. коло во Серија А против Лацио (2:2). Кјелини кој 17 години го носеше „црно-белиот“ дрес, симболично беше повлечен од игра токму во 17. минута и доби бурни аплаузи од навивачите на Јувентус. За овој период минат во Јувентус, Кјелини освои девет титули во Серија А, пет триумфи во Купот на Италија и во италијанскиот Суперкуп. Остана во Торино и кога „старата дама“ беше исфрлен да се натпреаврува во Серија Б. Со репрезентацијата на Италија, минатата година триумфира на Европското првенство.
– Чувствувам дека ми е потребно ново искуство, нова култура. Свесен сум дека морам да се соочам со многу важна одлука која ќе ја донесам заедно со семејството – изјави Кјелини.
Одлуката на Кјелини да ја напушти Серија А ја забрза и елиминацијата на „аѕурите“ од Македонија во разигрувањето за пласман на СП 2022 година во Катар.
-Планот ми беше тука да ги дочекам крајот на годината и Мундијалот во Катар. Можам да кажам дека репрезентацијата и Јувентус ги оставам во вистински раце. Ова беше долго патешествие кое го започнав кога влегов како замена за Павел Недвед во натпреварот против Месина и уживав низ сиве овие години – додава Кјелини.