Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, одбива да го одобри заминувањето на Роберт Левандовски.
Како што пренесува Еуроспорт, Кан се спротивставил на одлуката на Полјакот, вториот најдобар стрелец на Баерн на сите времиња, кој изјави дека нема да потпише нов договор и дека го повикува клубот да ги разгледа понудите за него.
– Ние го знаеме овој алармизам од минатото. Тоа не е нешто што ни предизвикува главоболка. Дадовме понуда до неговиот агент. Тој ја одбил оваа понуда. Тоа е негово право. Факт е: тој има договор и ќе го исполни. Ние сме многу јасни и доследни околу тоа. Така стојат работите овде во Баерн. „Нема играч над клубот”, изјавил Кан.
Триесет и тригодишниот фудбалер е во германскиот шампион од 2014 година и има постигнато 344 гола за клубот во сите натпреварувања. Левандовски му помогна на Баерн да освои осум титули во Бундеслигата во последните осум сезони, како и три германски купа. Напаѓачот, исто така, е крунисан како најдобар стрелец во Бундеслигата петта сезона по ред.