Тренерот на американскиот член на МЛС лига Атланта јунајтед, холандскиот стратег Франк де Бур, се извини за искажаниот негов став кој се однесуваше за плаќањето во женскиот фудбал.
– Се извинив за моите зборови за женскиот фудбал. Зборовите ги одбрав неумешно. Особено зборот „смешен”. Ако го прочитате само овој збор, тогаш звучи премногу силно. Но, ако го знаете целиот контекст, очигледно е дека јас секогаш го поддржувам женскиот фудбал, изјави Де Бур.
Холандскит стучњак го нарече апсурд барањето еднакво де се плаќаат учесниците на светските првенства за жени и мажи.