Тренерот на францускиот фудбалски прволигаш Олимпик Марсеј, Андре Вилаш-Боаш смета дека напаѓачот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар кој деновиве е актуелен на трансфер-пазарот не е тоа што беше. Тој кога настапуваше за Барселона беше во подем, можеше да стигне до освојувањето на „Златната топка“ и да биде подобар од Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Португалскиот стартег Боаш смета дека Бразилецот тешко ќе може да се врати на нивото што го имаше пред да се пресели во Париз.
– Нејмар беше играч кој можеше да ги надмине Роналдо и Меси. Не верувам дека може да ги врати тие карактеристики што ги демонстрираше во Барселона, изјави Вилаш-Боаш.
Нејмар во последните две сезони често се соочува со повреди и бележи пад на формата. Се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи за него се заинтересирани Барселона и Реал Мадрид.