Huawei од од денес започнува нова сервисна кампања во Северна Македонија, која ќе трае до средината на септември. Во овој период, секој доносител на телефон Huawei може да замени скршен или неисправен дисплеј со попуст до 50%, без дополнителни трошоци.
Скршен или испукан екран или оштетена батерија се некои од најголемите проблеми со кои корисниците на мобилни телефони се соочуваат секојдневно. Сепак, ова не важи за корисниците на телефони на Huawei кои можат да имаат корист од специјалната услуга Huawei Care од 15 август до 14 септември.
Денес е важно секој корисник да ги заштитува своите лични податоци, дури и кога го остава својот телефон во сервис. Huawei обезбеди токму таква услуга Huawei Maintenance Mode (можете да ја најдете во апликацијата HiCare), што гарантира дека никој нема да има пристап до вашите лични податоци.
Со новата сервисна кампања, покрај обезбедувањето нов дисплеј, Huawei им овозможува на корисниците да ја заменат и батеријата на нивниот паметен телефон. Оваа услуга се однесува на одредени модели, за кои можете да се консултирате во овластениот сервисен центар на Huawei.
Новата услуга со попуст до 50% за замена на екранот се однесува на избраните клучни модели Huawei: P20, P20 Pro, Mate 20 lite, P20 lite, Mate 20 Pro, P Smart 2019 и Y Series модели – Huawei Y6, Y5, Y6 2019.
Попустот што ќе го добиете при замена на скршен екран можете да го проверите овде: https://consumer.huawei.com/mk/support/screenreplacement/. На овој сајт можете да ги најдете и сите детални услови за оваа промоција.
Секој клиент може да има корист од промоцијата на услугите доколку лично го посети овластениот сервисен центар на Huawei кој се наоѓа на бул. „Борис Трајковски“ бр.72 во Скопје. Таму, секој може да добие совет или помош за нивниот Huawei уред секој работен ден од 8 до 16 часот.
Huawei исто така ве потсетува на тековната сервисна кампања до крајот на годината, која можете да ја искористите секоја последен четврток и петок во месецот, при што ќе добиете попуст од 1.300 денари на секоја поправка вон гарантниот рок и бесплатен заштитник на екранот кога ќе заврши поправката. Детални информации за тоа може да се најдат на официјалната веб-страница https://consumer.huawei.com/en/support/.