(Видео) Крадец прекина грабеж за да спаси деца кои ќе ги прегазеше автомобил

Словачката полиција објави необична снимка од сообраќаен инцидент  во Братислава.

Тие посочија дека станува збор за автентичен видеозапис и додадоа дека сè се случило во вторникот.

Како што се гледа на видеото, две деца минуваа на пешачки премин, а кон нив се движепе автомобил кој најверојатно ќе ги удреше и тешко ќе ги повредеше, доколку не ги спаси човек кој бил во близина и видел што се случува.

Според информациите од полицијата, човекот кој ги спасил децата, ограбувал продавница во близина, но се откажал од грабежот и тргнал во спасувачка акција.

Децата минале со полесни повреди, а арамијата избегал. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави