Берлинската полиција го испитува нападот врз рабин, втор во последните две недели во тој германски град.
Полицијата соопшти дека жртвата била турната на земја во вторникот од страна на две засега непознати лица додека шетал низ квартот Шарлотенбург во Берлин, навредувајќи го на арапски, според „Танјуг“.
Тој завршил во болница поради повреди на главата и ногата.
Полицијата не ја идентификуваше жртвата, но весникот „Билд“ пишува дека станува збор за рабинот Јан Арон Хамел.
Пред две недели, друг рабин беше нападнат во истиот кварт во Берлин.
Двајца мажи плукале на него и го пцуеле на арапски јазик, пренесува АП.
Двата напади се испитуваат како злосторства од омраза.