Армијата согласно Правилото за воен протокол во Армијата, а во врска со одбележувањето на „18 Август – Денот на Армијата, в сабота во Скопје ќе изведе две артилериски стрелби.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, во време од 15:00 до 18:00 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм), а во време од 19:00 до 19:30 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.)
Артилериската стрелба ќе се изврши од касарната „Илинден” во Скопје.