На 14.08.2019 околу 16,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Босна и Херцеговина“ по вербална расправија настанала физичка пресметка помеѓу Швеѓаните И.Н.(21) и Ф.Х.Р.(20), П.А.(20) од Полска, како и С.А.(19) и С.И.(21) од Скопје од една страна и К.С.(29) Ф.З.(18) и М.Р.(27), сите од Скопје од друга страна. Причина за инцидентот било тоа што изнајмено возило било вратено оштетено.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.