Првиот светски тениски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ конечно освои трофеј оваа година. Во финалето на Мастерсот во Рим, српскиот тенисер го надигра Стефанос Циципас и со 2:0 во сетови (6-0, 7-5) го освои својот 38. Мастерс трофеј во кариерата.
Првиот рекет на светот, кој во саботата ја забележа јубилејната 1.000 победа во кариерата, имаше фуриозен старт на финалето. 20-кратниот грен слем освојувач Ѓоковиќ одигра прв сет без грешка и го „збриша“ Циципас без освоен гем.
Петтиот тенисер на светот Циципас брзо го заборави катастрофалниот прв сет, но Ѓоковиќ сепка на крајот не му дозволи да се вратри во игра.