Дали некогаш имате чувство како да ве следи несреќа? Можеби решението на ваквиот проблем се крие во вашиот животен простор.
Според многу верувања ширум светот, постојат предмети како и позиции во домот кои можат да привлечат голема количина на негативна енергија. Затоа, доколку се чувствувате како да не можете да се ослободите од негативната енергија, тогаш нема што да изгубите доколку пробате да се ослободите од овие 4 предмети во вашиот дом.
Огледало насочено кон креветот
Се верува дека огледалото поставено кон креветот може да предизвика проблеми во љубовната сфера бидејќи ги насочува негативните влијанија кон здравиот и квалитетен однос помеѓу партнерите.
Црна врата
Бојата на вратата може да има големо влијание на енергијата која влегува во вашиот дом, заедно со вас. Црната влезна врата внесува негативна енергија секој пат кога ќе влезете во домот, а доколку веќе имате црна врата, обојте ја во друга боја.
Предмети со остри врвови или кактуси
Кога се во прашање острите предмети, како и билките со боцки, добро е да се знае дека тие често привлекуваат негативна енергија во домот. Заменете ги кактусите со друг вид на растенија и отстранете ги предметите со остри врвови од просториите во кои го поминувате поголемиот дел од денот.
Слики од бродоломи
Сликите од бродоломи имаат потенцијал да предизвикаат внатрешен немир кој може да влијае на односите помеѓу оние кои го делат домот и расположението.