Во финалето на ракометниот Куп на Македонија ќе играат фавортите за трофејот скопски Вардар и битолски Еурофарм Пелистер. Битолчани лесно во полуфиналето на завршниот турнир кој се одржува во Кавадарци го совладаа Бутел Скопје со 26:21.
Најефикасен во редовите на Е. Пелистер беше крилото Јосип Божиќ Павлетиќ со шест гола ,а на спротивната страна, по пет погодоци имаа Марко Митев и Мирко Мајиќ.
Претходно бранителот на трофејнот Вардар го совлада вториот тим на „фармацевтите“ од Битола. Финалниот натпревар се игра в недела (15 мај, 19.30 часот).
За в сабота се закажани полуфиналните двојки од Купот во женска конкуренција: ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14.00 часот) и ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Чаир (17.00 часот).