Еден од најпознатите актери во светот, Ештон Кучер, беше фотографиран вчера во истиот ден кога озлогласениот убиец Мајкл Гарџуло е обвинет за убиство на две жени.
https://www.instagram.com/p/B1M_7HyHCLP/
„Холивудскиот трбосек“, како што беше наречен Мајкл поради суровите убиства што ги изврши, беше обвинет вчера за убиство на 22-годишната Ешли Елерин и 32-годишната Марија Бруно.
Актерот Ештон Кучер еднаш сведочеше против убиецот, бидејќи се забавуваше со 22-годишната Ешли Елерин и требаше да се видат вечерта кога таа беше убиена.
https://www.instagram.com/p/B1MiJ7AhTdH/
Истиот ден кога беше обвинет Мајкл Гарџуло, актерот беше фотографиран како излегува од станот со сопругата Мила Кунис, која му е најголема поддршка во тешките моменти. Од лицето на Ештон може да се види дека тоа бил тежок ден за него, а со него цело време била неговата сопруга Мила.