Иван Перишиќ решил да гоо напушти Интер. Херојот од финалето на Купот и победата над Јувентус од 4:2, постигнал договор со Челси. На „Стенфорд Бриџ“ ќе се пресели како слободен играч.
Оваа вест денеска ја објави италијанскиот новинар Танкреди Палмери, кој тврди дека Хрватот и Челзи ги договориле условите околу неговата преселба во Лондон.
Како што е познато, преговорите меѓу Интер и Перишиќ пропаднаа, Хрватот се уште ја нема добиено вистинската понуда за продолжување на соработката, поради што реши да замине на лето по истекот на договорот.
Челзи му понуди двегодишен договор со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.
Перишиќ има 33 години, покрај во Интер, играше за Баерн Минхен на позајмица, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Клуб Бриж и Сошо во чија академија се приклучи како тинејџер од Хајдук Сплит.
Со неговото доаѓање се очекува Томаш Тухел да ја направи најавената чистка на страничните позиции, бидејќи наводно ќе си заминат Кристијан Пулишиќ, Маркос Алонсо и Хаким Зијеш.