Добар фудбалер во Италија не значи дека ќе биде добар и во Англија. Тоа се докажало многупати, а ова е листата на петте најголеми разочарувања кои направиле таков чекор.
Според магазин пет играчи кои дошѓе од „чизмата“ особено се истакнале според тоа колку се очекувало од нив, а колку прикажале.
1. Масимо Таиби
Дури Сер Алекс Фергусон беше импресиониран од голманот на Венеција и по секоја цена го бараше во Манчестер Јунајтед. Го доби, Таиби беше играч на натпреварот уште на дебито против Челси, но потоа сѐ се смени. Од катастрофалната грешка против Саутемптон, па до личните проблеми, Таиби остана само една сезона во Јунајтед играјќи само 4 натпревари.
2. Андреа Силенци
Центарфорот на Торино стана првиот Италијанец кој дошол во Премиер лигата по ребрендирањето. Голгетерот дојде како големо засилување за Нотингем Форест истакнувајќи се со одлична техника и физичка спремност, а чукаше и на вратата на репрезентацијата на Италија каде не можеше да фати место од великаните Роберто Баџо, Џузепе Сињори, Џанфранко Ѕола и Пјерлуиџи Казираги. Одигра 12 натпревари и не постигна ниту еден гол, ниту пак беше сериозна закана кон противниците.
3. Винстон Бохарде
Ѕидот на Ајакс разочара уште во Милан играјќи само три натпревари. Премина во Барса каде го мачеа повреди, а потоа нагриза Челси кој и тоа како погреши. Холаѓанецот за четири сезони во премиерлигашот одигра само 11 натпревари по што замина во пензија.
4. Корадо Граби
Внук на Џузепе Граби (шампион со Јуве во 1926), важеше за голема надеж на „бјанконерите“. Дебитираше во Серија А со гол против Лацио. Почеток на една нова бајка? Не, Граби никогаш повеќе не даде гол во Серија А. Блекбурн виде нешто во него па го зеде кај нив најавувајќи го „наследникот на Ширер“. За три сезони одигра 30 натпревари постигнувајќи само два гола.
5. Роке Жуниор
Херојот од Манчестер, влезе како замена за Алесандро Костакурта и одигра фантастично помагајќи му на Милан да го победи Јуве во финалето од Лигата на шампиони во 2003. Во Лидс останаа импресионирани од Бразилецот, па го доведоа на „островот“. А таму, херојот одигра одвај 5 натпревари по што експресно го вратија во Италија, но во Сиена.