Милош Теодосиќ, еден од најдобрите кошаркарски плеј-мејкери има забрзана рахабилитација на тетивата од левото стапало. Поради оваа повреда владее голема неизвесност дали капитенот на српската репрезентација ќе може да го предводи својот државен тим барем во нокаут-фазата од мундо-баскетото кој ќе се одржи од 31 август до 15 септември во Кина.
Во репрезентацијата на северниот сосед сеуште постои надеж дека Теодосиќ ќе биде оспособен за завршните натпревари каде очекува Србија, а и предвидува според рејтингот и ФИБА, дека ќе биде дел до самата завршница за распределба на медалите.
Според лекарскиот тим кој се грижи за забрзаната рехабилитација, Теодосиќ добро напредува. Изработена му е специјална „чизма“ во која му е ставена ногата што треба да му помогне и побрзо да се опорави и да се врати на паркетот.