Иако беше планирано од постојните осум, за следната сезона бројот на странци во една екипа да се намали на шест, сепак РФМ денеска реши да ја укине таа промена. Тоа значи дека и во идната сезона (2022/23) екпите ќе смеат во својот состав да имаат до осум странци на еден натпревар.
Укинат е и условот за статусот на тие странски ракометари, односно веќе нема да биде важно дали тие имаат одреден минимален број натпревари за својата матична репрезентација (планирано беше минимум 10 одиграни меча). Единствениот услов сега ќе биде од тие осум, петмина да се репрезентативци на своите национални тимови во која било возрасна категорија, а останатите тројца се избор на клубовите.