Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за минатиот месец, објавено е денеска на официјалниот сајт на англиското првенство.
Португалскиот фудбалер во април запиша пет голови, вклучувајќи го и 50. клупски хет-трик постигнувајќи ги сите три погодоци во победата над Норич (3-2).
За Роналдо ова е втора награда играч на месецот оваа сезона, а вкупно шеста во кариерата со што им се приближи на рекордерите Хари Кејн и Серхио Агуеро, кои имаат седум месечни награди.
Априлска награда за најдобар тренер ја освои шефот на стручниот штаб на Барнли, Мајк Џексон, кој влезе во клупската историја како прв стратег што останал непоразен во првите четири натпревари на клупата.