Придружниот екипаж на патничките летови знае најмногу за авионите, а бидејќи меѓу нив има и такви кои не се срамат да откријат и по некоја тајна, сега и дефинитивно е потврдено кои места во авионот се најстабилни при турбуленции.
Пензионираниот стјуард, Мет, открил дека луѓето кои стравуваат од турбуленции треба да изберат места што се блиску до пилотската кабина, бидејќи тоа е дел од авионот каде најмалку се чувствуваат надворешните влијанија.
„Седнете колку што е можно понапред и ќе бидете поштедени од непријатности“, изјавил тој за „Дејли Стар“.
Турбуленциите со сиот нивен интензитет највеќе се чувствуваат во задниот дел на авионот.
Затоа некогашниот стјуард препорачува доколку предните седишта се зафатени, патниците да изберат место во средишниот дел на авионот.
Кај комерцијалните летови и седиштата близу до крилјата на авионите се удобни и нудат поголема стабилност.