На 16.08.2019 во 12,00 часот било пријавено дека во село Подржикоњ-Крива Паланка, на место викано Косачи, С.Ѓ.(48) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар.
Смртта ја констатирал лекар на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.