Трофејниот тренер на италијанскиот повеќекратен фудбалски шампион Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе остане без освоен трофеј сезонава, откако неговиот тим загуби и во финалето од Купот од Интер (2:4). Јувентус имаше предност од 2:1, но прерано почна да го брани овој резултат и на крајот во продолженија беше поразен.
Алегри мораше да гледа како Иван Перишиќ постигнува два гола во првото продолжение, а по вториот гол, режираше и инцидент во кој беа истакнати и неколку членови од клупата на Интер. Тренерот на „старата дама“ Алегри збесна и поради своето однесување заработи црвен картон.
–При прославата на голот на Перишиќ, некој од Интер помина покрај мене и ме удри. Се разбеснив и судијата ме исклучи поради тоа. Да откриваме што се случи во таа ситуација не вреди ништо. Мораме само да му честитаме на Интер за победата. Фактот е следен…. Не освоивме ниту еден трофеј оваа сезона и се надевам дека тоа ќе не налути за следната. Мора да се вратиме на победничките патеки – изјави Алегри.