Во воздушен напад во Сирија убиени над 20 цивили

Повеќе од 20 цивили, меѓу кои 11 деца во изминатите два дена загинале во северозападна Сирија, која е под контрола на бунтовниците, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Како што наведуваат од опсерваторијата, во воздушен напад изведен утрово над селото Деир загинале седум луѓе, поголем дел од нив биле деца.

Според директорот на Опсерваторијата, Рами Абдулрахман, целта на сириската Влада била да ги натера цивилите да побегнат од подрачјата кои биле недопрени за време на ескалациите на судирите, што почнаа кон крајот на април.

Треба да знаете
Последни објави