Модриќ поцрвене, Бејл асистираше во победата на Реал над Селта

По неубедливите игри во подготвителните натпревари Реал Мадрид со победа од 1:3 на гостувањето кај Селта ја почна новата сезона во Примера.

Велшанецот Герет Бејл во 12. минута му асистираше на Карим Бензема постигна гол за водство кое го задржа до крајот на полувремето. Но во 56. минута Лука Модриќ доби црвен картон по еден старт врз противнички играч на аут линијата. Судијата по консултација со ВАР го исклучи Хрватот, иако се чини престрого. Сепак, Реал и со десет играчи продолжи убедливо, па во 61. минута Тони Крос со прекрасен гол од далечина го големи водството.

На десет минути пред крајот по една одлична акција Лукас Васкез даде гол за 0:3, а во судиското продолжение Селта преку Лосада успеа само да постигне почесен гол.

 

Треба да знаете
Последни објави