Ливерпул им се врати на победите за да ги задржи надежите за шампионската титула, па утре „црвените“ ќе се крстат во Вулверхемптон дека може да го сопне Манчестер сити, откако вечерва финалистот во ЛШ се измачи во Бирмингем, но ја победи Астон Вила со 2-1.
После големиот кикс викендов со Тотнем (реми 1-1), Ливерпул успеа да се врати на победничкиот колосек и привремено бодовно да се израмни со лидерот и првак Сити, а сенегалската ѕвезда Садио Мане го реши победникот за победа со пресврт со голот во 65-та минута.
Дека Ливерпул нема лесно да го мине Бирмингем најави Астон Вила после гол од првиот напад, Даглас Луиз погоди по три минути за водство на Астон Вила, но брзо Жоел Матип израмни во шестата, за Мане да го реши победникот со голот во 65-та, но бирмингемскиот премиерлигаш до последна секунда не се предаде, напаѓаше, па имаше опасни можности да им ја урне можеби и последната надеж на „црвените“ во шампионската трка.
За Ливерпул ова беше 26-та сезонска победа, сега имаат 86 бода од 36 меча, а лидерот Сити е на 85 бода од 35 меча и сега нестрпливо ќе чекаат утревечер од 21.15 во Вулверхемптон како ќе поминат „граѓаните“.
До крајот на сезоната, Ливерпул има меч со Саутемптон идниот вторник , а веќе во сабота ги чека финале на ФА-Купот со Челси, а во последното коло имаат домашен меч со Вулверхемптон. Сити, пак, има незгоден меч во Лондон кај Вест Хем викендов, па домашен меч со Астон Вила во завршното коло идниот викенд.